По повод Денот на пожарникарите, учениците од нашето училиште ја посетија противпожарната единица во Велес. Тие имаа можност да се запознаат со благородната професија на пожарникарите, нивната опрема и секојдневните предизвици со кои се соочуваат. Им благодариме за топлиот прием и за поучното и интересно искуство! Нека Ви е честит празникот!
