По повод Европскиот ден на јазиците, Ученичкиот парламент реализираше креативна и едукативна активност: „Детските права на повеќе јазици“. Во рамките на активноста, учениците од предметна настава, ги преведуваа правата на децата од македонски јазик на англиски и германски јазик. Преку активноста, учениците имаа можност да ги унапредат своите јазични вештини, но и да размислуваат за важноста на детските права, еднаквоста, почитувањето, толеранцијата и прифаќањето на различностите. Со оваа иницијатива, Ученичкиот парламент испрати јасна порака дека секој јазик е богатство, а знаењето и разбирањето на различните јазици нè поврзува и нè прави поблиски едни со други, истакнувајќи дека јазиците се мостови што ги поврзуваат луѓето и културите. Активноста претставуваше уште еден пример за активно ученичко учество и придонес кон создавање училишна средина во која се негуваат јазичната разновидност, мултикултурноста и детските права.


