На конкурсот со тема: „Магијата е во добрината“ распишан од ООУ „Васил Главинов“ Велес по повод Денот на училиштето, ученици од нашето училиште, учествуваа во повеќе категории и ги освоија следниве награди: ПРВО МЕСТО – Ангелче Миланов 9 одд. – дигитална творба (колаж), ВТОРО МЕСТО – Ана Бојковска 9 одд. – дигитална творба (колаж), ТРЕТО МЕСТО – Михаела Додевска 9 одд. – дигитална творба (колаж), Ментор: Весна Христовска.
Ученичката Александра Ташевска од 9 одд. во категорија поезија од VI – IX одделение, ја освои ВТОРАТА НАГРАДА под менторство на наставничката Маја Стојанова. Честитки!




