По повод Меѓународниот ден на математиката, денес во просториите на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Велес, ученици од 9 одделение од нашето училиште заедно со домаќините на настанот, реализираа работилница насловена како ПИ АВАНТУРА. Учениците не само што ја покажаа својата љубов кон математиката, туку се дружеа и разменуваа идеи. Работилницата се претвори во вистинска ПИ авантура исполнета со знаење, соработка и пријателство. Одговорни наставници: Андријана Кариланова и Мелита Неделчева Работилницата беше поддржана од Здружение на математичари – Велес
