Денес, во знак на длабока почит и признание, беше положено цвеќе пред спомен‑обележјето на нашиот патрон Стојан Бурчевски – Буридан. Со овој свечен чин се потсетуваме на неговиот лик и дело, како и на трајните вредности што ги втемели и кои претставуваат инспирација за нашата работа и нашата мисија. Неговото име и придонес остануваат трајно вградени во историјата и идентитетот на нашата заедница. Покрај вработените, свежо цвеќе положи и делегација од oпштина Велес.







