Нашето училиште беше организатор на шаховски турнир за учениците од основните училишта, по повод Денот на училиштето, а во соработка со ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ Велес. Турнирот помина во мирна и пријатна атмосфера, со многу внимание, размислување и фер‑плеј. Учениците имаа можност да ги применат своите шаховски знаења и да стекнат нови искуства. Им благодариме на сите ученици за учеството и им честитаме за покажаната спортска култура и љубов кон шахот.




