По повод Светскиот ден на пчелата, во нашето училиште се реализираа едукативни и креативни работилници „Мали пчели – големи научници“.Преку активности од биологија, учениците се запознаа со животот на пчелите и нивното значење за природата и опрашувањето. Во делот по хемија, ја откриваа „тајната на медот“ и неговите својства преку едноставни и интересни експерименти. (Наставник Андријана Сарагиновска) Во практичниот дел се изработија свеќи од восок благодарение на наставничката Маринела Пановска. Креативниот дел беше за најмалите: цртање и изработка на уметнички творби инспирирани од пчели (Александра Кузмановска и Далиборка Крстевска)
